Несторовски ќе настрадаше од бесен мотоциклист, а потоа му даде автограм

Интересна приказна доаѓа од Палермо, а поврзана е со македонскиот репрезентативец Илија Несторовски. Нашиот интернационалец ќе настрадаше од бесен мотоциклист, кој се втури да го брка по улиците на градот, откако Несторовски го испрскал со вода, возејќи го својот автомобил.

Македонскиот фудбалер кој веќе е ѕвезда на Палермо возел кон тренинг – базата, а мотоциклистот веднаш зад него, сакајќи да истера правда. Но, откако видел за кого се работи, нервозата на мотоциклистот се претворила во срдечна средба, прегратка и поддршка за Несторовски и Палермо во битката за опстанок во Серија А. Мотоциклистот добил автограм и селфи со првиот голгетер на тимот, а непријатната случка е заборавена.

Се вчитува...