Несторовски: Мојата иднина е во Палермо!

И покрај бројните шпекулации за негово заминување од Палермо, македонскиот репрезентативец Илија Несторовски се чини е подготвен да остане на Сицилија и следната сезона.

Преселбата во Серија Б на Палермо за Несторовски во голема мера значи и можност за заминување од клубот, пред се поради големиот интерес за неговите услуги. Но, популарниот Нестор-гол во изјава за официјалната интернет страница на клубот вели дека својата иднина ја гледа во Палермо…

„Ако треба да кажам за својата иднина, тогаш мојата иднина е тука во Палермо. Имам тригодишен договор и Палермо ми е единствениот клуб во мислите, без разлика што оваа сезона не успеавме да ги исполниме очекувањата на навивачите да останеме во Серија А. Сакам да им се извинам, и ако ништо друго дека против Емполи во последното коло ќе се потрудиме да ја затвориме сезоната со домашна победа“ – вели Несторовски.

Се вчитува...