Несторовски не игра со Норвешка, прифатена молбата на Палермо

Илија Несторовски нема да настапи за Македонија на претстојниот пријателски натпревар против Норвешка, откако селекторот Игор Ангеловски во последен момент се премисли и реши да го остави голгетерот во Палермо за да му помогне на својот тим во битката за враќање во италијанската фудбалска елита.

Ангеловски го вклучи Нестор-гол на списокот на играчи на чии услуги ќе смета за дуелот со Норвежаните, но откако претседателот Зампарини замоли тој да остане во Палермо, македонскиот селектор и раководството на ФФМ му излезе во пресрет на сицилијанскиот клуб.

Тоа е светот на фудбалот, мора да има соработка. Сакам јавно да се заблагодарам на раководството на Фудбалската Федерација на Македонија“ – изјави денеска Маурицио Зампарини.

Несторовски продолжи со одличните настапи во дресот на Палермо откако синоќа постигна нов погодок за реми од 2-2 на тешкото гостување против Пескара.

Се вчитува...