Несторовски: Не искористив две шанси, но не секогаш е како што посакуваме…

Офанзивецот на Палермо, Илија Несторовски, по преспиената ноќ по мечот со Албанија од квалификациите за СП 2018 и пропуштената можност за триумф, не може да го сокрие разочарувањата што не стигнавме до посакуваната победа.

Посебно, и поради фактот дека во финишот од средбата имаше две идеални можности за погодок, но не успеа да реализира…

„Не секогаш излегува како што посакуваме. Така беше и вчера кога не искористив две шанси за победа на мојата Македонија… Но, ние покажавме и докажавме дека сме на прав пат. Голема благодарност до сите кои вчера не бодревте“ – вели Несторовски.

nestoroski

Се вчитува...