Несторовски погоди, Палермо се „избламира“ (видео)

Палермо не успеа да го задржи водството кое го донесе македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, па на свое тло претрпе од тимот на Фоџа со конечни 2-1.

27-годишниот голгетер беше прецизен од белата точка во 65. минута од средбата, но  четири минути подоцна домаќините останаа со играч помалку на теренот, а потоа следуваше „блам“. Во последните 13 минути од мечот фудбалерите на Фоџа два пати го совладаа голманот на Палермо, Духамел и Крагл му „украдоа“ славје на Македонецот.

Несторовски постигна гол во првенството по повеќе од два месеци, а севкупно го забележа 12. погодок во досегашниот дел од шампионатот.

Се вчитува...