Несторовски се поблиску до Евертон!

Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски е се поблиску до трансфер од соништата во Премиер – лигата. Англискиот клуб Евертон е во интензивна потрага за наследник на Белгиецот Ромелу Лукаку, кој најави заминување од клубот, а менаџерот Роналд Куман како прв „пик“ го има токму Несторовски. Неговиот сегашен тим во Серија А, Палермо, речиси сигурно ќе отпадне во второлигашка конкуренција, а на Несторовски ќе може да заработи околу 20 милиони евра. Тоа ќе биде неверојатен бизнис, ако се знае дека пред само една година го купи за 500.000 евра.

Несторовски по одличните игри во хрватскиот клуб Интер Запрешиќ, каде последната сезона постигна 25 гола на 33 натпревари си се препорача за Палермо, а по само една сезона во Серија А, каде како дебитант постигна досега 10 гола, веќе е на прагот да замине во Премиер – лигата и да го облече дресот на Евертон.

Се вчитува...