Несторовски се враќа на терените: Во составот на Палермо за мечот со Салернитана

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, по пауза од еден месец повторно се враќа на терените.

Капитенот на Палермо е во комбинација за настап на утрешниот натпревар во Серија Б против Салернитана, и покрај тоа што првичните информации говореа дека ќе мора да го пропушти и овој дуел поради здравствени проблеми. Сепак, тренерот на Палермо, Бруно Тедино го вброи меѓу фудбалерите кои се во комбинација за настап, иако неизвесно е дали ќе добие можност од самиот почеток.

„Не сакаме да ризикуваме со Несторовски. Тој се чувствува добро, но сепак ќе видиме дали ќе може да настапи против Салернитана“ – истакна претходно Тедино.

Несторовски, пред повредата, последен пат во дресот на Палермо играше на 2. декември на дуелот против Венеција. На 13 натпревари оваа сезона во Серија Б има постигнато 10 гола.

Се вчитува...