Несудениот македонски репрезентативец Урош Матиќ, сепак, ќе игра за Србија

Несудениот македонски репрезентативец Урош Матиќ, брат на далеку попознатиот српски репрезентативец Немања Матиќ сепак во иднина ќе игра за селекцијата на Србија, пренесува српски „Журнал“.

Селекторот на Србија, Славољуб Муслин, по повредите на Љубомир Фејса и Немања Радоје за натпреварот со Велс се одлучи да го повика членот на дански Копенхаген, Урош Матиќ.

Урош Матиќ, како што е познато, претходно веќе потврди дека би сакал да игра за Македонија, поради македонското потекло на своите предци. Беше и во посета на ФФМ по што беше активирана постапката за доделување за него пасош како би се стекнал со право за настап во македонската селекција. Сепак, од ФФМ долго чекаа на дозволата од ФИФА за Урош Матиќ, кој од светската куќа на фудбалот не пристигна.

урош матиќ со македонскиот дрес

Урош Матиќ, кој претходно бил член и на Кошице, Бенфика, Штурм и НАЦ Бреда, сега дефинитивно ќе го облече српскиот дрес по што би го загубил понатака воопшто правото за промена на националните бои во иднина.

Се вчитува...