Неверојатен пропуст во Ф1: Избегната голема трагедија во Малезија

Викендов најдобрите светски возачи се собираат за Големата награда на Малезија од Ф1 циркусот. А, денешниот прв слободен тренинг можеше да биде кобен за Роман Грожан.

Поради огромен пропуст на организаторите можеше да заврши трагично по Грожан, но за среќа се добро се заврши. За време на еден од неговите кругови, Грожан излета и се удри во заштитниот ѕид.

Тренингот по оваа несреќа веднаш беше прекинат, а возачите на патеката повторно ќе се вратат утре кога е на распоред вториот тренинг.

Се вчитува...