Невкусен рекорд: Атаман има најмногу порази во Евролигата

Тренерот на Анадолу ефес, Ергин Атаман, со вчерашниот пораз од Брозе Бамберг постави негативен рекорд во Евролигата. Атаман го забележа вкупно 130. пораз во историјата на европското натпреварување, и така зад себе го остави црногорскиот стратег, Душко Ивановиќ, кој има 129 порази.

Неговата екипа сезонава стигна и до 20. пораз во шампионатот, и при крајот на регуларниот дел се наоѓаат на последната позиција. Покрај Анадолу, во кариерата Атаман го предводеше и Галатасарај во Евролигата.

Се вчитува...