Неволји за Пандев и соиграчите: Ултрасите на Џенова го нападнаа клупскиот автобус

Тешки мигови за Џенова и македонскиот репрезентативец Горан Пандев. Тимот загуби со убедливи 5-0 на денешното гостување кај Пескара, а бесните фанови го нападнаа клупскиот автобус по враќањето дома. Италијанските медиуми информираат дека повеќе од стотина ултрас фанови на Џенова ги чекале фудбалерите и стручниот штаб, и сакале да ги нападнат по срамниот резултат на денешниот меч од Серија А.

Тимот спасувал глава со интервенција на полицијата, а се очекува нервозните моменти да продолжат и на првиот нареден тренинг.

Се вчитува...