Незабележано: Второ злато за Германката Далмајер – ги обедини светската и олимписката титула!

Германката Лаура Далмајер го освои и вториот златен медал на Олимписките игри во Пјонгчанг.

По првото злато во кариерата во спринтот на 7,5 километри, Германката триумфираше во потерата на десет километри што е незабележано досега во историјата на женскиот биатлон.

Сребрениот медал го освои Анастасија Кузмина од Словачка со речиси 30 секунди заостанување, додека со бронза се закити Ана Бескон од Франција со 0,2 секунди зад второпласираната.

Далмајер на тој начин ги обедини светската и олимписката титула, продолжувајќи ја доминацијата на Германците во биатлон во Пјонгчанг.

Германија по некомплетен трет ден од ЗОИ веќе има четири златни медали.

Се вчитува...