Незапирлив: Салах даде евро-гол и на дербито со Евертон

Мохамед Салах продолжи со извонредните настапи во дресот на Ливерпул и на градското дерби против Евертон, со евро-гол носејќи ги „црвените“ во водство на „Енфилд роуд“.

Гостите со класичен бункер одолеваа на налетите на Ливерпул се до финишот на полувремето, кога Салах прими една топка на работ од шеснаесетникот, се ослободи од својот чувар, за потоа со фантастичен удар да го погоди горниот десен агол од голот на гостите, за еуфорија меѓу домашните навивачи.

Погледнете го најновото ремек-дело на Мохамед Салах во Премиер-лигата.

Се вчитува...