Нике Грот – МВП на фајналфор турнирот

Нике Грот е добитничка на наградата за МВП ракометарка на фајналфор турнирот во Будимпешта. Холандската интернационалка одигра фантастично и на двата натпревари, во денешното финале им создаде огромни проблеми на „вардарки“, па сосема заслужено се закити со оваа индивидуална награда, како „шлаг“ на европската круна освоена на клупски план.

Таа го доби признанието по „мртвата трка“ со својата соиграчка Горбич, која беше најефикасна на овој фајналфор турнир.

Пред Грот, признанието за најдобар стрелец сезонава во Лигата на шампионите свечено и беше доделено и на Андреа Пенезиќ.

Се вчитува...