Никој не се менува на стари години: Венгер сака да го купи Јанкто од Удинезе

Англискиот премиерлигаш Арсенал наддава за Килијан Мбапе и Томас Лемар од Монако, но купува анонимци. Менаџерот Арсен Венгер не може да се смени на стари години, па сака на „Емирати“ да го доведе Јакуб Јанкто, чешкиот интернационалец од редовите на италијанскиот Удинезе.

„Тој е голем фан на англискиот фудбал. Секако дека Арсенал е во предност пред останатите клубови“, изјави агентот на Јанкто за италијанските медиуми.

Јакуб Јанкто минатата сезона постигна пет гола за „зебрите“ во Серија А, а се работи за офанзивен играч за врска. Тој е под договор со Удинезе до 2021 година.

 

Се вчитува...