Никола Ѓорѓев предвреме си се враќа во Грасхоперс!?

Македонскиот репрезентативец, Никола Ѓоргев сосема извесно веќе од јануари повторно се враќа во дресот на швајцарскиот Грасхоперс.

И покрај тоа што потпиша двегодишна позајмица од Грасхоперс во холандскиот Твенте, сепак според последните информации истата ќе биде предвреме прекината па се очекува Ѓорѓев на почетокот од следната година повторно да се врати во Швајцарија.

Ѓорѓев во есенскиот дел од актуелнава сезона речиси и воопшто да не настапи за Твенте. Од вкупно 16 кола во најсилната лига во Холандија, одигра само два натпревари и тоа на почетокот од сезоната. Испадна комплетно од конкуренција за првиот тим, поради што од Твенте се одлучни да ја прекинат позајмицата.

20-годишниот Ѓорѓев настапи за младата репрезентација на Македонија на ЕП во Полска, а има одиграно и пет натпревари за сениорската селекција на Игор Ангеловски.

Се вчитува...