Никола Ѓоргиев на чекор до двојната круна во Јапонија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
28/05/2017 0:45
Останато
27/05/2017 13:45
Ракомет
27/05/2017 19:34
Останато
27/05/2017 15:20

Никола Ѓоргиев на чекор до двојната круна во Јапонија

Никола Ѓоргиев на чекор до двојната круна во Јапонија

Никола Ѓоргиев е на само еден чекор до освојување на двојната круна во одбојкарското првенство на Јапонија. Откако кон крајот на минатата година го освои Царскиот куп со тимот на Торај ероус, најдобриот македонски одбојкар сега е на чекор и до шампионската титула.

Торај го освои првото место во плејофот, а со тоа и директен пласман во големото финале, а екипата на Ѓоргиев во голем стил го одигра и првиот финален дуел против Тојота Госеи. Одбојкарите на Торај предводени од македонскиот ас славеа со максимални 3-0 (25-23, 25-20, 30-28), па сега се наоѓаат на само еден чекор до титулата, која се обезбедува со две победи во финалната серија.

Капитенот на македонската репрезентација беше во главна улога и на оваа средба, освојувајќи 19 поени, од кои 17 во наад и два со ас-сервиси.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.