Никола Јокиќ со партија на кариерата - 41 поен за овации од навивачите (ВИДЕО) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
17/11/2017 20:24
Фудбал
17/11/2017 15:37
Ракомет
17/11/2017 12:37
Кошарка
17/11/2017 9:55

Никола Јокиќ со партија на кариерата – 41 поен за овации од навивачите (ВИДЕО)

Никола Јокиќ со партија на кариерата – 41 поен за овации од навивачите (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ ги воодушеви навивачите на Денвер со партијата на кариерата во која постигнувајќи 41 поен беше најзаслужниот за триумфот од 112-104 против Бруклин.

За 31 минута на паркетот, Јокиќ запиша 41 поен, рекорд во кариерата, дополнети и со 12 скока, 5 асистенции и две блокади.

Сето тоа за воодушевување на домашните навивачи кои за време на натпреварот со овации и скандирање „МВП, МВП…“ го испраќаа секој негов потег. Но, Јокиќ смета дека не треба да се размислува на таков начин за неговата игра…

„Тоа беше смешно, навистина. Не го заслужувам тоа. Но, добро е да ги имате навивачите на своја страна. Тие секогаш за нас се шестти играч“ – рече по мечот Јокиќ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.