Никола Павличевиќ потпиша за МЗТ Скопје

МЗТ Скопје го продолжи ремонтот на играчкиот кадар, официјализирајќи го доаѓањето на новиот плејмејкер во екипата. Како што ЕКИПА вчера најави, нов член на МЗТ од денеска е црногорскиот репрезентативец, Никола Павличевиќ, кој потпиша договор со „металците“ до крајот на оваа натпреварувачка сезона.

Станува збор за плејмејкер, кој минатата сезона настапуваше за унгарски Солнок, а кој летово беше дел од репрезентацијата на Црна Гора на Европското првенство (ЕП). Претходно има играно за Унион Олимпија, Сутјеска, Ловќен и Халман Виена. Тој доаѓа на местото на Американецот Брет Бејли, кому му заврши тримесечниот договор со нашиот клуб и кој нема да биде продолжен. Тој настапи на шест средби во сино-белиот дрес во АБА-лигата со просек од 7,7 поени и 3,4 скока.

Со доаѓањето на Павличевиќ и на Мавра, се поизвесно е и заминувањето на третиот Американец Гарсија, кој исто како и Џенсен и Бејли не ги оправда очекувањата на стручниот штаб и на управата на клубот.

Се вчитува...