Николиќ: Бевме нервозни поради значењето на мечот, но одигравме на високо ниво

Тренерот на Карпош соколи, Драган Николиќ, е задоволен од прикажаната игра на своите избраници кои обезбедија и втора победа против Работнички во полуфиналната плеј-оф завршница. Српскиот стратег истакна дека се почуствува нервоза во неговиот тим, знаејќи колку беше важно да се обезбеди и овој нов триумф, но сега за него и неговата екипа е најважно да се одморат и да се подготват за третата средба.

„Бевме нервозни поради значењето на натпреварот. Знаевме колку е важно да обезбедиме победа на домашен терен и мило ми е што го остваривме тоа. Натпреварот се одигра на високо ниво, двата тима се бореа до крајот. Ние имавме неколку клучни решенија во нападот и во одбраната. Во неколку ситуации одигравме цврсто. Им честитам на Работнички за борбеноста, ние овој меч веќе го заборавивме и се концентрираме на следниот, кој е за помалку од 48 часа. Не ме интересира кој со каков притисок ќе игра, во овој спорт знае да се случи и невозможното, а јас во мојата тренерска кариера секогаш одам на победа. Најважно сега за мојот тим е добро да се одмори и психички и физички“ – истакна Николиќ.

Се вчитува...