Николиќ: Најважно е што победивме, честитки за борбеноста на Работнички - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
18/11/2017 19:25
Ракомет
18/11/2017 18:59
Ракомет
18/11/2017 15:36
Кошарка
18/11/2017 9:26

Николиќ: Најважно е што победивме, честитки за борбеноста на Работнички

Николиќ: Најважно е што победивме, честитки за борбеноста на Работнички

Соколите со победа ја започнаа новата сезона во Супер-лигата со победа над Работнички со резултат 94-90. Иако предноста во поголем дел од мечот беше во нивна корист, тренерот на Карпош, Драган Николиќ беше незадоволен што неговиот тим при предност од 18 поени се опушти, па на крајот мораа да се задоволат со минималната победа.

„Најважно е што победивме. Но, незадоволен сум што мојот тим престана да игра кошарка при 18 разлика, можевме да го однесеме мечот во мирен крај, самите си создававме проблеми во финишот. Им честитам на кошаркарите на Работнички за екстремната борбеност. Во наредните денови пчекувам подобрувања кај мојот тим. Што се однесува на лигата, сезонава ќе биде доста интересна, се игра добра кошарка, секој тим има свои квалитети. Тоа го покажаа и првите два дуели, Куманово и Кожув играа продолженија, додека имавме драматична и  неизвесна завршница.“ – изјави Николиќ по натпреварот.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.