Николиќ: Правевме глупости во одбраната, поразот беше неизбежен

Тренерот на Партизан, Мирослав Мута Николиќ, ги посочи почетничките грешки во одбраната на својот тим како главна причина за денешниот пораз во Скопје.

МЗТ Скопје е тим со квалитетни и искусни кошаркари, но според мене ќе остане на средината на табелата. Тоа е тим што ќе има проблеми со одбраната, какви што впрочем имаме и ние. Сигурно нема да стравува за опстанок, но и исто така е предалеку од врвот, за кој ќе се издвојат неколку екипи. Што се однесува до натпреварот, триумфот на домаќините е заслужен поради глупостите што ги правевме ние во одбраната, поразот беше неизбежен. Имаме многу работа и допрва ќе се воигруваме, но факт е дека овие грешки мораме да ги сведеме на минимум“ – истакна стратегот на Партизан на денешната прес-конференција.

Се вчитува...