Ница го губи „здивот“: Балотели спасуваше реми со Каен

Ница веќе го губи здивот во трката за шампионската титула со Монако и со ПСЖ, киксирајќи на дуелот против Каен во 29. коло од Лига 1.

Ница одигра само 2-2 пред своите навивачи против еден од послабите тимови во лигата, и тоа во натпревар во кој едвај стигна и до бод по 0-2 на противникот.

Гостите дојдоа до водство преку Сантини во 36. минута, а на 0-2 зголеми Карамох во 50. минута. Ница дојде до 2-2 со головите на Балотели во 71. минута и на Донис во 77. минута.

All Goals & Highlights HD – Nice 2-2 Caen – 10… by Gol-Live

По ова реми, Ница има 63 бода, два помалку од водечкиот Монако, но и натпревар повеќе.

Се вчитува...