Ница се откажа од ангажман на Депај

Мемфис Депај е еден од играчите кои со сигурност ќе го напуштат Манчестер јунајтед во овој зимски преоден рок. Тој нема голема минутажа во дресот на „ѓаволите“ , а за неговите услуги се интересираше Ница. Сепак, до трансфер на Депај во Франција нема да дојде, поради финансиските проблеми…

„Се распрашувавме, но ситуацијата се компликуваше, поради финансиски проблеми. Манчестер јунајтед е клуб кој го купи Депај за одредена сума на пари и не сака да го продаде за ’ситно’. Тимот од „Олд трафорд“ плати многу за негов трансфер и ние нема што да бараме тука“ – истакна претседателот на клубот, Жан Пјер Рив.

Се вчитува...