Ниту 13-от „трипл-дабл“ на Харден сезонава не помогна Хјустон да победи

Мајами во својата „Американ арена“ славеше против фаворизираниот Хјустон со 109-103 во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата.

Извонредна партија во победата на Мајами пружи Горан Драгиќ кој постигна 21 поен, дополнети и со осум скока и осум асистенции, а на спротивната страна водечки кошаркар беше Џејмс Харден со нов, 13-ти „трипл-дабл“ од 40 поени, 12 скока и 10 асистенции. За Харден ова беше четврти „трипл-дабл“ со најмалку 40 поени, но ниту блескавото негово издание не беше доволно за победа на Хјустон.

Торонто очекувано славеше на гостувањето кај Бруклин со 119-109, а по обичај беше предводен од ДеМар ДеРозан со 36 поени, 11 скока и шест асистенции. Одличен беше и Јозеф Кори со 33 поени. Брук Лопез со 28 поени и осум скока беше најефикасен кај домашните.

Кошаркарите на Сан Антонио на свој паркет ја победија Минесота со 122-114. Леонард постигна 34 поени и запиша седум скока и пет асистенции, додека ЛаМаркус Олдриџ дополни со 29 поени.

НБА – РЕЗУЛТАТИ: Бруклин – Торонто 109-119, Мајами – Хјустон 109-103, Чикаго – Далас 98-99, Сан Антонио – Минесота 122-114, ЛА Лејкерс – Денвер 121-127

Се вчитува...