Нордиската репрезентација ќе настапи на ФИС натпревар во БиХ

Македонската нордиска репрезентација утре и задутре ќе настапи на ФИС-натпревар кој ќе се одржи во Јахорина, Босна и Херцеговина.

И двата дена, од нашата репрезентација ќе настапи само Ставре Јада, на патека долга 10 километри, во нордиско скиење, а селекторот Ѓоко Динески очекува добри партии и на овој натпревар.

„Ставре Јада прикажа одлични резултати на изминатите неколку натпревари и докажа дека има светла иднина. Напорно работиме деновиве и очекувам дека ќе направи ист успех и на овој ФИС натпревар“ – соопшtи Динески.

Нордиската репрезентација периодов напорно работи, а во изминатите неколку месеци забележа добри резултати на многу натпревари.

Се вчитува...