Нориаки Касаи со рекордна осма Олимпијада по ред!

Јапонскиот ски-скокач, Нориаки Касаи влезе во историјата на олимпискиот спорт. На легендарниот Јапонец, Зимските олимиски игри во Пјонгчанг му се осми по ред.

Првиот настап го забележа во 1992 година во Албервил. До почетокот на Игрите во Пјонгчанг го делеше рекордот со Русинот Алберт Демченко кој ја заврши својата олимписка сага на ЗОИ 2014 во Сочи.

Касаи кој има 45 години, вчера во Пјонгчанг настапи во олимписките квалификации во скијачки скокови и стана единствен во историјата. Јапонскиот ски-скокач не само што може да се пофали со осум Олимписки игри, туку и со три олимписки медали. Прва му беше „среброто“ во Лилехамер во 1994 година, а на претходната Олимпијада во Сочи, Касаи освои „сребро“ и „бронза“.

На вчерашните квалификации во Пјонгчанг, каси го освои 20.место во конкуренција на 57 натпреварувачи, и обезбеди пласман во финалето.

Се вчитува...