Нов бунтовник во евро-фудбалот, сега проблем има Ајакс

Фудбалерите ширум Европа очигледно се потешко ги почитуваат потпишаните договори со своите клубови, особено откако некоја поголема екипа испрати понуда за нивните услуги.

Осман Дембеле не се ни појави на тренинг на Борусија Дортмунд па беше суспендиран, Обамејанг кажа дека сака назад во Милан, па се пожали на повреда и си замина, додека Филипе Кутињо не игра за Ливерпул иако е здрав, чекајќи разврска на преговорите за трансферот во Барселона.

По тој пат тргна и Давинсон Санчез, дефанзивецот на Ајакс кој сака да му биде овозможено да се пресели во Тотенхем. „Спарси“ испратија понуда од 25 милиони фунти, истата беше одбиена од холандскиот гигант, за Санчез денеска да дојде на тренинг и да го извести стручниот штаб дека нема намера да работи со остатокот од тимот. Пораката е јасна – да биде продаден, јасно е дека ќе следи и казна од неколку неделни плати, но Бразилецот е подготвен на тоа само за да издејствува преселба во Премиер-лигата.

На потег е управата на Ајакс.

Се вчитува...