Нов дабл-дабл на Младеновски во Словенија

Македонскиот репрезентативец Љубомир Младеновски игра се подобро откако реши да си замине од МЗТ Скопје и кариерата да ја продолжи во словенечкиот прволигаш Илирија.

Во рамките од третото коло Илирија загуби на гостувањето против Тајфун со 79-72, а најдобар поединец во редовите на оваа екипа беше токму Младеновски. Нашиот центар оствари нов дабл-дабл, втор во третиот меч во Словенија, реализирајќи 17 поени, 11 скока и една блокада, притоа изнудувајќи и шест лични грешки од противничките кошаркари.

Влегувањето во топ-форма на Младеновски е одлична вест и за селекторот Давитков, кому ќе му биде неопходна помошта на центарот на стартот од новиот квалификациски циклус закажан за ноември.

Се вчитува...