Нов договор: „Докторот“ Роси ќе вози во Мото ГП до 41-годишна возраст

Валентино Роси претстојниот викенд ќе ја стартува својата 23. сезона во мото-спортот, а легендарниот италијански мотоциклист јасно стави до знаење дека не размислува за пензионирање – потпишувајќи нов договор со Јамаха. Новиот договор со јапонскиот тим е со важност до 2020 година, со што „докторот“ ќе продолжи да настапува во Мото ГП шампионатот до 41-годишна возраст.

Пресреќен сум, сакам да им се заблагодарам на сите во Јамаха за довербата што ја покажуваат во мене. Целта е јасна како и секогаш – освојување на титула, знаеме колку ќе биде тешко, но јас и на 40 години ќе бидам подеднакво мотивиран како и на почетоците од мојата кариера“ – изјави „докторот“ Роси при потписот на новиот договор.

Валентино Роси во кариерата има седум титули во Мото ГП шампионатот, но последната ја освои пред дури девет години. Минатата сезона тој ја освои петтата позиција во генералниот пласман.

Се вчитува...