Нов договор: Мојсов останува во АЕК Ларнака до 2020 година

Македонскиот фудбалски интернационалец Даниел Мојсов доби награда за добрите игри во кипарскиот прволигаш АЕК Ларнака во изминатиот период. Раководството на клубот му понуди нов двегодишен договор. Според новиот „дил“, Мојсов ќе остане во АЕК Ларнака до 2020. Претходно, и Иван Тричковски доби продолжување на соработката со овој клуб.

„Многу сум среќен што ќе ја продолжам мојата одисеја во овој клуб. Моето семејство исто така се чувствува многу среќно на Кипар. Мојата цел е да го давам максимумот на секој нареден натпревар во дресот на АЕК Ларнака. Сакам да се заблагодарам на раководството на клубот за довербата, како и на навивачите за поддршката што ми ја даваат лично мене, но и на целиот тим“, изјави Даниел Мојсов за клупскиот сајт.

Се вчитува...