Нов договор: Раиконен ќе вози за Ферари и во 2018 година - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
19/09/2017 12:25
Фудбал
19/09/2017 11:51
Фудбал
19/09/2017 11:20
Коментари
18/09/2017 13:09

Нов договор: Раиконен ќе вози за Ферари и во 2018 година

Нов договор: Раиконен ќе вози за Ферари и во 2018 година

Кими Раиконен ќе продолжи да вози во Формула 1 шампионатот во болидот на Ферари, откако денеска потпиша нов договор со италијанскиот тим. Актуелниот договор на Финецот истекуваше на крајот од годинава, во меѓувреме се најавуваше дека тој ќе си замине, но челниците на Ферари сепак искажаа доверба во квалитетите на Раиконен потпишувајќи нов едногодишен договор со него.

Скудерија Ферари го продолжи договорот со Кими Раиконен, па финскиот возач ќе продолжи да се трка за тимот од Маранело во Ф1 шампионатот и во 2018 година“ – се вели во краткото соопштение на Ферари.

Раиконен, кој е поранешен Ф1 шампион од 2007 година, сезонава заостанува дури 86 бода зад тимскиот колега Себастијан Фетел. И договорот на Фетел со Ферари исто така истекува на крајот од годинава, но Германецот се уште нема донесено одлука дали да остане во овој тим или да избере нов предизвик во кариерата.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.