Нов договор за Бразилецот: Хуан Фелипе останува во Вардар до 2020 година

Бразилскиот интернационалец Хуан Фелипе и во наредните три сезони ќе го носи дресот на актуелниот македонски шампион Вардар. Тој потпиша договор до 2020 годимна за продолжување на соработката со „црвено-црните“. Ова е одличен потег на раководството на Вардар, со оглед дека тој е најдобриот играч на шампионот во изминатите две сезони.

Играчот од средниот ред, Хуан Фелипе, дојде во редовите на Вардар во летниот преоден рок 2015 година од ЦСКА Софија, и до сега има одиграно 67 официјални натпревари во „црвено-црниот“ дрес, во првенството, во Купот на Македонија и во квалификациите од Лигата на шампионите. Има постигнато 17 голови во дресот на актуелниот шампион.

Претходно, Вардар ги продолжи договорите и со капитенот Бобан Грнчаров и со заменик капитенот Никола Глигоров.

Се вчитува...