Нов договор за Предраг Самарџиски

Предраг Самарџиски и во следната сезона ќе го носи дресот на Мега бемакс, тимот што до лани се натпреваруваше под името Мега лекс. Поранешниот македонски репрезентативец се врати во оваа екипа во јануари годинава, одигра неколку натпревари, па откако во меѓувреме не успеа да најде посериозен ангажман реши да потпише нов договор со Мега.

Српскиот прволигаш обелодени дека Самарџиски го продолжи договорот за наредната сезона, но не се исклучува можноста македонскиот центар да си замине во текот на сезоната доколку добие подобра понуда, како што тоа беше случај во сезоната 2015/2016, кога добрите настапи во АБА-лигата му беа препорака за трансфер во турскиот прволигаш Бујукчекмече.

Самарџиски во просек во српскиот шампионат минатата сезона настапуваше по 12,9 минути за Мега лекс, реализирајќи по 4,1 поени и 3,2 скокови по натпревар.

Се вчитува...