Музафер Ејупи продолжува со одличните настапи во дресот на Осијек, кои придонесоа овој голгетер да се најде во комбинација за настап на претстојниот квалификациски натпревар на нашата репрезентација против Лихтенштајн.
Осијек денеска му гостуваше на тимот на Славен Белупо и стигна до цел плен, триумфирајќи со 1-2. Најзаслужен за победата беше токму Ејупи, кој го постигна победничкиот погодок во 84. минута по еден одлично одработен контранапад на гостинскиот состав. За македонскиот интернационалец ова беше дванаесетти гол сезонава, со што е најдобар стрелец во хрватското првенство.
Осијек благодарение на Ејупи продолжува да напредува на табелата, па со денешните три бода оваа екипа го прескокна Хајдук и сега се наоѓа на третата позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА