Нов имиџ на „Јане Сандански“: Еден живот, една љубов – Вардар (фото + видео)

Шпанските ракометари на Вардар, Алекс Душебајев и Жоан Канелјас, почнаа со тренинзи со остатокот од екипата, не криејќи го воодушевувањето од „освежувањето“ на подтрибинскиот простор пред влезот на теренот од салата „Јане Сандански“. Имено, на двата ѕидови од влезот кои водат кон теренот се насликани фантастични колажи од сите играчи, проткаени со навивачки слогани посветени на македонскиот шапион.

Едниот ѕид е резервиран за машкиот, другиот за женскиот тим, се со цел да се прикаже големината на „црвено-црното“ семејство во сиот свој сјај.

Каков дочек. Прекрасно изненадување од РК Вардар со декорирањето на ѕидовите со сите играчи од тимот. Мотивација“ – порача Душебајев преку својот фејсбук профил.

Жоан Канељас отиде „чекор понапред“ од својот сонародник, објавувајќи видео од новиот изглед на внатрешноста на арената „Јане Сандански“.

Се вчитува...