Нов инцидент во Грција, нападнат тренерот на Олимпијакос, мечот со ПАОК прекинат уште пред да почне

Нов голем инцидент во грчкиот фудбал. Навивачите на ПАОК го нападнаа тренерот на Олимпијакос, Оскар Гарсија, фрлајќи со предмети од трибините, прекинувајќи го дербито уште пред неговиот старт. Мечот е одложен, а шпанскиот стратег е одведен во болница да му биде укажана медицинска помош.

ПАОК по пауза од цели 33 години е во позиција да се бори за шампионската титула во Грција, но овој прекин може да биде и кобен, па да им бидат одземени бодови. По 22 одиграни кола, ПАОК е на првата позиција со 52 бода, а второпласиран е АЕК со два бода помалку. На третата позиција е Олимпијакос со 46 бода.

 

Се вчитува...