Нов изглед на Каталуња за возачите од мотоциклистичките категории - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
22/06/2017 22:35
Фудбал
22/06/2017 22:12
Фудбал
22/06/2017 21:43
Фудбал
22/06/2017 19:15

Нов изглед на Каталуња за возачите од мотоциклистичките категории

Нов изглед на Каталуња за возачите од мотоциклистичките категории

Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) и меѓународната мотоциклистичка федерација (ФИМ) дојдоа до консензус за трајна промена на изгледот на патеката Каталуња. Безбедноста на изгледот патеката беше доведена во прашање изминатово лето кога Луис Салом за време на тренинг во Мото2 категоријата загуби контрола над својот мотоциукл во 12. свиок, се заби во заштитниот ѕид и потоа им подлегна на повредите.

Тогаш, безбедносната комисија со Маркез, Јаноне, браќата Еспагаро, Милер, Смит, Баутиста, Довициозо, Рабат и Крачлоу одлучија трката да се вози на ревидирана патека која две години порано не доби зелено светло.

Оттогаш Чарли Вајтинг, делегатот за  безбедност во Формула 1, Франко Унчини кој е делегат за безбедност при ФИМ како и организаторот на трката се во преговори за трајна промена на патеката и договорот е постигнат.

Возачите од мотоциклистичките категории ќе возат на изменета патека која многу наликува на онаа на која возат во Ф1. Шиканата пред последниот свиок ќе биде малку поместена, ќе има промени и на 12. свиок за да нема опасен влез во истиот, што ќе придонесе и за полесен влез во пит-стопот. Десеттиот свиок ќе биде скратен каков што е во Ф1 од 2004 година.

katalunja sporedena

*Со црвено е одбележан изгледот на патеката во мотоциклистичките категории

Промените на патеката ќе бидат изведени во текот на наредниот емсец додека нема активности од ниеден автомото спорт. Официјалните тестови пред почетокот на сезоната ќе покажат дали е позитивна промената.

Трката за каталонското ГранПри е закажано за 11. јуни.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.