Нов пораз на Кливленд, Голден стејт славеше на гостувањето против Милвоки

Кошаркарите на Кливленд доживеаја нов пораз во НБА лигата, овој пат од Индијана со 97-95.

Кливленд во Индијанополис загуби во тесна завршница, иако беше подобар во првото полувреме на мечот. Сепак, Индијана комплетно доминираше во продолжението за заслужен триумф.

Дарен Колисон ја предводеше Индијана со 22 поени, додека кај Кливленд не помогнаа ниту 27 поени и 11 асистенции на Леброн Џејмс.

Вашингтон на свој паркет беше подобар од Орландо победувајќи со 125-119 предводен од Џон Вол со 30 поени и 9 асистенции, како и Бредли Бил со 30 поени и 7 асистенции. Во поразениот тим најефикасен поединец беше Елфрид Пејтон со 27 поени.

Во дел од останатите мечеви од синоќешната програма, Шарлот славеше против Јута со 99-88, Атланта загуби од Бруклин со 105-110, а Голден стејт беше подобар од Милвоки на гостински терен со 94-108. Денвер го победи Мемфис со 87-78, а Минесота славеше против Њујорк со 118-108.

Се вчитува...