Нов проблем за Франција – Нгесан се збогува од ЕП 2018

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Франција влегува со максимални три победи во втората рунда, но селекторот Динар се соочува со нов проблем по повредата што ја заработи Тимотеј Нгесан. Бекот на Барселона се здоби со повреда на коленото на дуелот со Белорусија, а по деталните прегледи беше утврдено дека овој европски шампионат e предвреме завршен за него.

Станува збор за истегнување на лигаментите во левото колено, повредата не е премногу сериозна, но во секој случај бара пауза од две седмици“ – изјави докторот на францускиот национален тим.

Селекторот Динар дополнително ќе реши кој ракометар ќе го заземе местото, а француските медиуми најавуваат дека тоа би можело да биде Лука Карабатиќ, кој се опорави од повредата поради која го пропушти првиот круг од натпреварувањето.

Нгесан е четвртиот лев бек на Франција што заработува повреда, откако претходно истото им се случи на Акамбре, Гребиј и Нијокас.

Се вчитува...