Нов скаутинг камп на Келн во Македонија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
21/11/2017 19:24
Кошарка
21/11/2017 16:21
Кошарка
21/11/2017 8:30
Кошарка
20/11/2017 20:52

Нов скаутинг камп на Келн во Македонија

После трите скаутинг кампови, првиот на терените на ФК Работнички, вториот во Негорски Бањи и третиот во Дојран во Хотел „Истатов“ во прекрасни услови, Спорт Арена повторно организира скаутинг камп во Скопје во спортскиот центар „Аеродром“.

Четвртиот скаутинг камп во организација на Спорт Арена ќе се реализира од 09-13 јануари 2015 година. Ќе се работи во две групи, а бројот на учесници ќе биде лимитиран, право на учество ќе имаат фудбалери на возраст од 6 до 14 години.

На лиценцираниот скаутинг тренер од ФК Келн, Кристијан Купфер, ќе му асистираат проверени и искусни домашни тренери.

Новитет во оваа сесија скаутинг тренинзи е поделбата на учесниците во две групи за да се овозможи подетална и потемелна изработка на тренинзите поставени од скаутот на ФК Келн.

Прва група од 08:00 – 13:00 часот.

Втора група од 13:00 – 18:00 часот.

Цената за учество на кампот во Скопје кој ветува разновидна забавна понуда, вклучувајќи два тренинга на ден, ручек, овошје и пијалоци изнесува 6.990 денари, а сите фудбалери ќе добијат опрема за тренинг, фудбалска топка (Дерби Стар), диплома за учество на камп и мало изненадување од организаторот.

Тренинзите и стилот на работа на ФК Келн и сериозноста на претходните три скаутинг кампови до сега наиде на силен одек кај младите фудбалери (вкупно 269) кои изразија задоволство и голем интерес за организираните кампови.

Рокот за пријавување на кампот е до 31 декември. Подетални информации може да добиете секој работен ден до 17:00 часот на телефоните: 070/ 611-236 ; 078/ 667-500.

Уплатата на средствата за учество на скаутинг тренинзите се вршат на ДТУ “Спорт Арена” ДООЕЛ Скопје, жиро сметка 210-0684211901-92, депонент Тутунска банка, цел на дознака – учество на скаутинг камп.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.