Нов скок – Македонија е 76. на ФИФА ранг-листата

Македонската фудбалска репрезентација одново се искачи на ФИФА ранг листата во најновото издание, нашата селекција направи скок од девет позиции и сега се наоѓа на 76. место на листата. Во изминатиот период Македонија одигра еден пријателски натпревар против Норвешка на кој оствари сигурна победа од 2-0. Со ова искачување „црвено-жолтите“ го изедначија најголемиот успех во рангирањето од август 2014 година, со тенденција за дополнителен напредок во периодот што следи, со оглед на потенцијалот што го поседува нашиот национален тим.

Триумфот над Норвежаните ја продолжи серијата добри игри на избраниците на селекторот Ангеловски, воедно и овозможи скок пред селекции како Либија, Ирак, Узбекистан, Јужна Африка…

На врвот на ФИФА ранг-листата останува светскиот првак Германија, пред Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија и Шпанија. Селекцијата на Полска од шестото падна на седмото место, а Топ 10 листата ја заокружуваат Швајцарија, Франција и Чиле.

Се вчитува...