Нов „трипл-дабл“ на Харден, шампионот Кливленд поразен од Јута

Од деветте синоќешни мечеви во НБА лигата, во првиот Вашингтон славеше против десеткуваниот Чикаго со 101-99 предводен од Џон Вол со 26 поени и 14 асистенции.

Во тимот на Вашингтон значајна улога во триумфот уште имаа Бил и Морис со по 19 постигнати поени, додека во отсуство на Батлер, Вејд и Миротиќ кај Чикаго предводеше Дензел Валентин со 19 поени.

Во дербито на Истокот, Торонто славеше против Бостон со 114-106, во мечот во кој извонреден беше ДеМар ДеРозан со 41 поен и 13 скока. Ловри дополни со 24 поени и девет асистенции, додека Валанчиунас, покрај 18 поени, имаше и 23 скока.

Хјустон ја запиша деветтата едноподруго победа славејќи дома против Шарлот со 121-114. Најрасположен кај Рокитси беше Џејмс Харден кој имаше нов „трипл-дабл“ со 40 поени, 15 скока и 10 асистенции. Кај гостите се издвои Кемба Вокер со 25 поен, 10 асистенции и шест скока.

Актуелниот шампион Кливленд загуби на гостувањето кај Јута со 100-92. Најзаслужен за големата победа на домашните беше Гордон Хауард со 28 поени и девет скока. Леброн Џејмс со 29 поени и шест скока беше прво има кај Кливленд.

За разлика од Кливленд, успешна вечер имаше Голден стејт која на домашен паркет триумфираше против Мајами со 107-95. До 33-та сезонска победа ги предводеше Кевин Дурант со 28 поени и девет скока. Стеф Кари запиша 24 поени, девет асистенции и осум скока, додека Дрејмонд Грин дополни со 13 поени и девет скока.

Се вчитува...