Нов удар за ПСЖ – се повреди и Мбапе

Тренерот на ПСЖ, Унаи Емери, не може да крене глава од проблеми во пресрет на реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Откако вчера и официјално беше објавено дека Нејмар ќе оди на операција и нема да може да настапи против „кралевите“, на синоќешниот натпревар од Купот на Франција се повреди и второто најскапо засилување на ПСЖ, Килијан Мбапе.

Францускиот ас мораше да биде заменет на полувремето од дуелот со Олимпик Марсеј, а неговиот настап против Реал сега е крајно неизвесен.

„Мбапе беше незгодно удрен во зглобот во првиот дел и самиот побара да биде заменет, да не игра во второто полувреме. Искрено се надевам дека не станува збор за нешто посериозно“ – изјави Унаи Емери.

Се вчитува...