Нов удар за Реал: Бејл го пропушта полуфиналниот двомеч во ЛШ

Велшкиот интернационалец Герет Бејл нема да биде подготвен за настап во полуфиналниот двомеч од Лигата на шампионите против градскиот ривал Атлетико Мадрид. Ова е нов голем удар за тренерот Зинедин Зидан, откако „кралевите“ доживеаја болен пораз (2-3) од Барселона на „Сантијаго Бернабеу“ изминатиов викенд.

Бејл токму на „Ел Класико“ заработи нова повреда на мускулот и лекарските проценки се дека ќе мора да паузира најмалку три седмици. Тоа значи дека ќе ги пропушти двата меча од полуфиналето на ЛШ против Атлетико Мадрид. Првиот дуел се игра на „Сантијаго Бернабеу“ на 2 мај, а реваншот е осум дена подоцна на „Висенте Калдерон“.

Ова е 17.повреда за Герет Бејл откако дојде во Реал Мадрид, па се погласни се шпекулациите дека раководството на клубот размислува за негова продажба ова лето.

Се вчитува...