Нов „вонземјански“ гол на Рикардињо (видео)

Рикардињо уште еднаш покажа зошто важи за најдобар футсал-играч на денешницата, со неверојатниот погодок што Португалецот го постигна за својот тим Мовистар во финалето од Купот на Шпанија.

Мовистар загуби со 3-4 од Хаен, но она по што финалето ќе остане запаметено е овој „вонземјански“ гол на Рикардињо, кој го лобуваше голманот, па самиот стигна до топката пред гол-линијата, за да ја смести во мрежата.

Се вчитува...