Нова афера во Шпанија: Жозе Мурињо обвинет за затајување данок

Скандалите во Шпанија околу затајување на данок од страна на „фудбалски личности“ продолжуваат откако шпанското обвинителство покрена постапка против менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо за затајување на данок во периодот од 2010 до 2013 година. Португалскиот стратег е осомничен поради непријавување приходи во вредност од 3.3 милиони евра, во неговото тригодишно раководење на Реал Мадрид.

Поради слични обвинувања, Кристијано Роналдо делува цврсто решен да го напушти „кралискиот“ клуб по девет години минати во Мадрид. Според обвинението, 32-годишниот голгетер е должен 14 милиони евра на државата, но тврди дека не е виновен и вети дека ќе се бори до крај за да ја докаже својата невиност.

Прв на „пик“ со вакви обвиненија беше Лионел Меси. Аргентинецот во 2016 година беше обвинет за непријавени 4 милиони евра, дури му се казануваше затворска казна од 21 месец. Покрај Меси, цел на вакви случаи се и Маскерано, Алексис Санчез, Дани Алвеш, како и уште неколку фудбалери на Реал Мадрид. Единствениот што досега успеал да излезе како победник во судска битка по обвиненија за затаен данок е екс-фудбалерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо.

Се вчитува...