Нова „луда“ кинеска понуда за Обамејанг

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пјер – Емерик Обамејанг, доби уште една примамлива понуда да се пресели во Кина. Раководството на Пекинг гуан му нуди 30 милиони евра годишна плата и договор на три сезони за да го облече дресот на овој клуб. Покрај тоа, убаво ќе заработат и „милионерите“ кои ќе добијат 60 милиони евра за својот најдобар фудбалер.

Интернационалецот од Габон и во минатото имаше „луди“ понуди од Кина, но ги одби. Сега е специфичен момент кога Борусија Дортмунд е во резултатска криза, а Обамејанг е еден од главните ’виновници’ затоа што на тимот не му оди најдобро. Од Германија веќе подолг период доаѓаат најави дека тој би можел да си замине, а Пекинг гуан сака тоа да го искористи и да го добие неговиот потпис.

Се вчитува...