Нова надеж за Михаел Шумахер?! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/11/2017 14:58
Кошарка
19/11/2017 12:33
Ракомет
18/11/2017 19:25
Ракомет
18/11/2017 18:59

Нова надеж за Михаел Шумахер?!

Нова надеж за Михаел Шумахер?!

Речиси четири години по страшната несреќа на Михаел Шумахер, јавноста нема подетални информации околу здравствената состојба на легендарниот Ф1 шампион. Семејството на Шумахер добро крие од очите на јавноста што се случување зад ѕидовите на куќата во Швајцарија, каде тој е сместен од напуштањето на болницата во Франција.

И додека голем дел од прогнозите се „црни“, зрак на оптимизам дава последната изјава на еден пријател на семејството Шумахер, кој за германскиот весник „Бунте“ откри детали со кои ги израдува бројните фанови на Германецот.

Опоравувањето на Шумахер оди во добар правец, со оглед на сите околности, и тоа благодарение на неговата атлетска градба и издржливоста на неговото тело. Корина и децата се уште веруваат дека може да се случи медицинско чудо. Психата му помага во рехабилитацијата“ – открива пријателот на семејството Шумахер.

Портпаролката на семејството, Сабине Кем, одби да ги коментира и овие изјави, како и сите претходни, повикувајќи се на правото на приватност на Михаел Шумахер и на неговите најблиски.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.