Нова продавница, со нови брендови за сите outdoor ентузијасти!

Авантуристичкиот бренд „Scout“, кој веќе 5 години е инспирација за сите трагачи по авантури и вљубеници во активностите во природа, со неформален настан ја претстави својата нова, втора продавница на „Scout Outdoor“, на ул. „Кирил и Методиј“ бр. 20, спроти поранешен „Цветен пазар“.

Новата продавница поставува нови, повисоки стандарди, со софистициран ентериер во стил на најпознатите европски продавници од овој вид, успешно пренесувајќи ја приказната на брендот. На настанот присуствуваа пријатели и соработници, како и ентузијасти кои ги делат страста за истражување, авантуристичкиот дух и љубовта кон природата.

stevce

На површина од 350 м2, во амбиент што во целост одговора на духот на брендот, „Scout“ ги презентираше новите брендови за љубителите на outdoor индустријата. Покрај добропознатите реномирани брендови, може да се најде голем избор на опрема за планинарење, опрема за спортови на вода односно кајаци, популарните SUP-ови за вода, како и секојдневна облека. Високопрофесионалниот кадар е секогаш подготвен да одговори на сите прашања и да помогне при изборот на најсоодветната опрема, додека при изборот на соодветни обувки за секој терен, тука е импровизираната тест-патека, прва од ваков тип кај нас.

Посетете ја новата продавница на „Scout“ и инспирирајте се со нови авантури!

Се вчитува...